( Превземено од форумот http://www.roditeliideca.com.mk со кој имаме договор за стручна
соработка )
****************************************************************************************
anence
напиша:
pretpostavuvam temeva funkcionira kako i ostanatite/
Ako e taka dobredojde za dr i sekoj so svojata maka pa i jas
Imame problem so X noze, t.e nepravilno odi kerka mi, nema ramni stopala
ama gluzdivite i se navnatre, sega neznam kolku pravilno objasniv.
Bevme na ortoped, fizijatar, zemavme ortopedski obuvki, vloski, sedime
sega vo turska pozicija iako prethodno sedese samo vo Tv pozicija, treba
da vezba na prsti da odi i so nozete nanadvo da gazi.
Ima li resenie za ovoj problem i kolku ovie pomagala i vezbi ke pomognat?
Здраво Аненце,
Ти благодарам за прашањето. Ке се потрудам да дадам одговор, иако од
голема важност е возраста на керка ти, бидејки околу 4-та година во
развојот на децата е нормално да дојде и до такво искривување на
колената, да при движење и трчање на детето може колената и да се
допираат едно со друго. Вообичаено ова искривување да се исправи
самостојно до возраст од седум до десет години. Сега се што треба да
правите е да ги следите советите од ортопедот кој ве води и контролите
да бидат малку позачестени на отприлика 6 месеци за да се спречи
поголемо искривување. Искривувањето на стопалата најчесто е компезаторно
поради искривувањето на колената. Исто многу е битно дали профилаксата
со витаминот Д е правилно спроведена, да се исклучи рахитис од било
каков тип, друго дали имате некој во фамилија со ист таков проблем.
Најубаво е да напревите слика(фотографија) од вашата керка како стои со
споени нозе и по неколку месеци да направите иста таква слика за
споредба и да видите дали ке има подобрување.
Потешките случаеви обично се решаваат со носење на ортопедски помагала
само во лоши прогредирачки случаеви каде што постои и болка е потрбно
оперативно лекување
Многу поздрав
****************************************************************************************
Ana78
напиша:
Pocituvan doktore dobro ni dojdovte
Eve i jas so prasanja, t.e. poveke bi pobarala nekoi prakticni soveti
od vasa strana. Nie majkite sme maksimalno zbuneti zaradi neusoglasenite
stavovi na ortopedite kako i zaradi faktot sto za prasanaja od oblasta
na motorickiot razvoj na decata odime kaj ortopedi, a ne kaj fizijatri,
za koi iskreno ne znam ni kade ima, ni koi se. Bi sakala dokolku imate
vreme da ni gi iznesete vasite stavovi okolu koristenjeto/
nekoristenjeto na sirok povoj, potoa na dubaci i dzamperi, pa koga e
vreme deteto da se podigne pod naslon od 45 stepeni, dali e vo red
patkanje, sto ako deteto nejke da lazi, pa podocna kako treba da
izgledaat detskite cevli (vo smisol tvrdi/meki, niski/visoki, so ili bez
anatomska vloska i sl), dali smetate deka e vo red stavot deteto da
bide sto poveke boso, i dali smetate deka e normalno deteto da proaga
niz fazite prvo da ima "O" noze koi potoa se ispravaat i doagaat do
formata "X" do kaj 3 godini i konecno se ispravaat do 7 god vozrast koga
treba da bidat slobodno kazano "normalni,t.e. pravi" i uste me
interesira dali se soglasuvate so stavot deka ramni stapala ne moze da
se dijagnosticiraat pred 7 god i sekoe nosenje ortopedski tvrdi cevli po
naracka za taa cel kaj 2 ili 3 god deca e von sekoja logika. Jas se
raspisuvav malku poveke ama veruvajte kako majka sum tolku mnogu zbuneta
od faktot sto stavovite na ortopedite vo nasata drzava po ovie
prasanja se razlikuvaat kako crno i belo. Golem pozdrav!
Здраво Ана добровенајдов
се надевам дека ке ви бидам од помош. Во врска со неусогласените
ставови , знаеш како викаат колку доктори толку мислења. Затоа во
светот постојат процедури за се ( медицина базирана на докази) кои ги
одредуваат највисоките медицински терциерни (образовни) установи, ги
формираат тие процедури и правила , докторите доколку не би сакале да
експериментираат би требало да се држат до нив . Но секако имаме право и
на некое свое гледиште што од новитети, што од искуство, па можам и јас
да го кажам моето
.
Прво да не заборавам да ја споменам колешката физијатар Д-р Јулијана
Мудинова која работи на клиниката за Ортопедски Болести а во вторник и
четврток е присутна во мајчин дом.
Во врска со моторниот развој кај децата ако ве интересира нешто посебно слободно прашајте
Во нашата држава сепак тоа го пратат и ортопедите и физијатрите .
Користењето односно не користењето на широк повој - за тоа каков треба
да биде повојот мора да каже ортопедот кој ке го прегледа детето , затоа
што одговорноста тоа дете да има правилен развој е негова. Многу е
битно мајките и татковците да не го прават следново : на комшијата му
рекоа не треба широко повивање нема ни јас да го повивам , а не биле на
преглед, е тоа е лошо !
Светот / односно земјите со англиско говорно подрачје не користат
класично широко повивање користат само пелена, а покрај мануелниот
преглед при раѓањето контролните ехо прегледи се на 4 недели старост ,
па наредниот на 9 месеци и потоа кога дететето ќе оди самотојно
/стабилно. Но стапката на луксирани колкови на пример во САД е 0,05% а
за разлика од тоа во Македонија и околните балкански држави 0,6% тоа е
многу голема бројка па затоа е и ризикот кај нашите ортопеди за грешка
поголем и затоа е толку извикан тој широк повој за да се избегнат
грешките и да се осигураме дека нашите деца ке имаат здрави колкови.
Затоа кај нас контролните ехо прегледи се прават почесто додека не се
видат осификациони јадра а потоа на се прават на секои 3 месеци до 9
месеци кога завршуваат ехо прегледите .
На оваа тема има уште многу да се зборува, ке напишам уште некој текст каде подетално ке ви ја
објаснам проблематиката.
Дубаци големо НЕ , тоа не е помагало детето да научи да оди, евентуално
статичен дубак да може тој што го чува детето да претрча до wc и толку ,
а не тоа да му биде саат време занимација. Јас лично предпочитам
детето да се остава во оградици или обезбедени простори сигурни за дете
каде што не може да се повреди ниту да излезе.
Во врска со паткањето јас сум против затоа што мислам дека детето само
треба да почне да се развива и да истражува никој не ги носи децата во
школо за да научат да одат. Од тоа што родителите сакаат нивното дете
што побрзо да прооди забораваат дека го пропуштиле делот со лазењето кој
е многу битен за формирање на мускулатурата за понатамошно стабилно
одење. Детето треба само да се движи со тоа ке научи и да паѓа без да се
повреди и плус родителите нема да ги боли рбетот од паткање наведнати.
Седење , да се прашувам јас никој пат не би седнал дете во 90 степени ,
секој пат би го оставил наслонот на 45. На син ми така му го имав
наместено наслонот во 45 степени, а тој цело време напнуваше да се
исправи и дојде моментот кога наслонот веке не беше важен тој седеше
стабилно во 90 степени без да се држи нигде затоа што цело време ја
вежбаше мускулатурата .
Обувки , мислам дека нема веќе лоши обувки на пазарот , но сепак за
почеток тие не смеат никако да бидат крути и тврди , поготово дете што
проодува треба да се чуствува слободно . Тоа секако важи за сите годишни
времиња и за чизмички и за патики и за сандали исклучок може да бидат
чизми за длабок снег кои не се толку битни оти се носат само на снег , а
тука нема некое баш нормално движење и тоа не трае долго и секој ден
. Перниче внатре дискутабилно јас би рекол да го нема или ако го има да
биде многу меко ( се разбира зборуваме за дете во развој првите 3 до 4
години кога се формира одот и стопалата.
Босо на плажа на ситни каменчиња не на карпи па да се повреди
, дома на сите ни е рамен подот така да е пожелно во најмала рака
некои чорапциња со гума затоа што е многу битно да не се лизга и да
прави шпаги по дома
.
Х и О деформитети на нозете доколку ги има, а не мора да бидат кај секое
дете и доколку не се екстремно изразени, се баш како што напиша ти ,
како што е нормално околу две години да бида во варус односно како
буквата О , потоа од 3-4 да бидат нормални за потоа да отидат во валгус
односно Х буквата дури до толку да кога се движат да им се допираат
коленцата и пак околу 7-10 години да се вратат во нормала без никаков
третман . Но се разбира овие деца мора да бидат под надзор на стручно
лице кое ке ги прати деформитетите.
Се согласувам и за рамните стопала само сепак треба и да се видат на 4 год за да не се пропусти
нешто .
Поопширно прашање поопширен одговор
се надевам си задоволна од одговорот . Ако треба уште нешто слободно прашај. Ние сме тука за вас
.
****************************************************************************************
anence
напиша:
Blagodaram na brziot odgovor, imame 2 godini
i 4 meseci, vo semejstvo nemame vakov problem istoto me prasuvaa i
ortopedite, Vigantol primavme do 1, 5 posle toa ortoped koj sega ne
sakam da go imenuvam iako veke sum go napravila toa, ni reca da zemame
multivitaminski sirup, piese Pikovit, sega ni preporacaa Kids omega ,
pieme po 1 dnevno,dali treba da gi pie i vo letniot period ili togas da
gi skratime?
I ortopedskite obuvki treba da se nosat postojano, bidejki sega e doma i gi nosti po cel den
, ili treba po nekolku casa?
blagodaram
Незнам кои точно ортопедски помагала ги носи , но сигурно се соодветни, а
верувам и дека ортопедот ви рекол да ги носи по цел ден, само за спиење
да ги вади (ако се обувки). Постојат и помагала и за колената но зависи
од кој степен е деформитетот. Поголем број од деформитетите може да се
корегираат или да се влошат доколку не се носат помагала во времето
кога има интензивен раст.
Битни информации се колку е тешко и високо детето дали соодвејствува со
возраста? Ако е рахитис да се испита од кој тип е и веднаш да се почне
со терапија.
Промените доколку се од рахитис треба да внимавате на нив па дури
доколку и сега се корегирааат може повторно да се манифестираат за време
на пубертетот затоа што тогаш повторно има интензивен раст.
Затоа е битно сите мајки да знаат дека сонцето многу битен фактор за
правилен развој на децата. Мора да се прекине со тоа кога е ладно да се
држат децата дома за да не се разболат.
****************************************************************************************
Sunset
напиша:
Dobredojdovte na forumot,doktore
Bi Ve zamolila ako moze nesto da mi pomognete,imeno veke 3-4 dena imam
golemi bolki vo desnata noga,tabanot gore kaj prstite mi e otecen a i
prstot do palecot isto taka,me boli koga gazam,nemam kurje oko nitu sum
go sinala prstot za da mi otece,edinstveno od obuvkite ako e ama nosam
cizmi veke razgazeni koi ne me stegaat,ne mozam vo patiki na rabota da
odam.Bi Ve zamolila ako moze sovet sto mozam sama da prezemam,znaci
nekoj mast,krem,da probam so toa pa ako nema podobruvanje da odam na
lekar.Ortopedot kaj nas ne sakam da go komentiram,ke moram da odam vo
Skopje.
Uste edno prasanje ako moze,kerka mi sega vo april ke napolni dve
godini,inaku e prgavo dete koe proodi na godina,bez dubaci,patkanja i
sl.znaci sama krevanje,lazenje,prooduvanje.Po cel den e vo dvizenje,ama
primetiv deka cesto koga odi pobrzo ili trca ja vrti desnata noga
navnatre,ili gazi so vnatresniot del na tabancinjata koga e po
corapcinja.Nema ramni stapala,ne gi pravi nozete vo x ,samo prstite na
desnata noga gi tera navnatre.Dali da ja nosam na ortoped vednas ili da
pocekam nekoe vreme samo po sebe da se koregira,inaku redovno davam
d3,nema noseno sirok povoj,jadra imase formirano na tri meseci,se bese
vo red vo dosegasniot razvoj.
Doktore se nadevam deka ke svatite sto sakav da prasam i ke mozete da mi pomognete.Vi
blagodaram odnapred i pozdrav.
Здраво Sunset,
Site obuvski posle nekoe vreme na mestata kaj sto teloto se potpira
najmnogu toa e vo predelot na petata , pernicinjata pred prstite i
palecot gi gubat svoite svojstva na mekost ili voopsto gi nemale od
pocetok ako se neudobni. Zatoa dokolku se pojavatat vakvi bolki vasiot
ortoped treba da vi preporaca specijalni vloski za rasteretuvanje na tie
mesta i so toa bolkata ke ja snema .
Sto se ondesuva za kerkati, za sigurno bi trebalo da vidam za da mozam
da kazam dali e vo red. Najverojatno se raboti za seuste slaba
koordinacija na muskulite koja ke se sredi so razvojot, cim
iskrivuvaweto e izrazeno samo pri trcanje. Ako ja nemas odneseno do sega
na ortoped od koga proodila stabilno, obavezno treba da ja napravite
taa kontrola.
Mnogu pozdrav
****************************************************************************************
jasmina
25 напиша:
pocituvan doktore
sin mi ima 1 i 4 meseci seuste mu davam sekoja den kapki d3 po 5...dali
seuste treba da mu davam ili treba da gi namalam ili
prekina...blagodaram...poz
Zdravo Jasmina,
Slobodno prodolzi da davas po 5 kapki D3 vitamin i nemoj da zaboravas da
go smenuvas sisenceto na 3 nedeli , davaj do krajot na Maj i sekako
vadete gi decata nadvor nema nisto pobitno od toa, ako izleguvas mnogu
cesto na sonce mozes da gi namalis na tri. Se razbira ova vazi ako pri
poslednata kontrola od koga proodel, ortopedot ti rekol deka se e vo red
.
****************************************************************************************
eli77
напиша:
почитуван докторе,навистина пријатно се
изненадив кога видов дека имаме и ортопед на форумов кој ке ни одговори
на нашите прашања.имам 6 годишна керка кај која околу нова година
напипав некаков израсток на надлактицата.веднас отидов на детска
клиника,сликавме на ртг и се виде како клуновиден израсток,без
дептрукција на околната коска.докторот ми рече дека тоа е остеохондром
но за секоја сигурност да направиме компјутерска томографија.јас многу
истражував во врска со тоа(нормално-керка ми е во прашање),на
интернет,прашував познати на рентген и ми кажаа дека ct на толку мали
деца не правеле и дека зрачењето е многу големо.јас не ја снимав на
компјутер сеуште и би ве прашала дали остеохондромот секогаш се
потврдува со компјутерска т5омографија или може да го следиме со ртг
снимка на 6 месеци,на операција не ни помислувам.однапред ви благодарам
Здраво Ели,
Рендгенолошките знаци се многу сигурни и лесно воочливи кога се работи
за остеохондром, поготово кога ке се поклопат но нивна најчеста
локалицација и безболност , тогаш може докторот лесно да каже за што се
работи. Рскавичниот бенигнен тумор - Остеохондром многу убаво може да
се прикаже со магнетна резонанца, проблем е што испитувањето трае малку
подолго и дететто треба да не мрда за тоа време , ако тоа не е возможно
се успива детето на кратко и така се снима. Магнетната резонанца многу
убаво ке ја покаже рскавичната капа на овој тумор и ке може убаво да се
измери. Компјутерот поготово тој на клиника е прилочно стар има
посовремени компјутери кои имаат малку помало зрачење ама мислам дека во
овој случај ке завршите работа и со магнет. За туморот сигурен сум дека
се си прочитала така да нема за што да се секираш.
Се оперира само доколку смета естетски или притиска на некој нерв мускул или тетива.
Многу е битно и да се измери уште еднаш рскавичната капа на туморот кога
керкати ке порасне, односно ке престане со раст обично по завршување на
пубертетот.
Многу поздрав
****************************************************************************************
bajaderce
напиша:
Dobar den , imam edno prasanje, moeto
bebence ima 2 meseci i 5 dena i vcera bevme na kontrola vo majcin dom (
prva kontrola) i ni kazaa deka levoto kolkce ne i e ubavo razvieno, i
deka treba da nosime edni korektivni gakicki, so toa sto imase mnogu
guzva i nabrzina ne isteraa od ordinacija bez da ni objasnat kolku vreme
treba da se nosat dali nad sirok povoj dali bez sirok povoj , citam
deka nekoj majki ima davaat na decata d3 po 5 kapki , nas ni rekoa po 2 i
seuste pieme po 2, dali treba da ja zgolemam dozata, i dali e seriozno ?
znaci prasanjeto mi e kolku vreme treba da se nosat gakickite i kako , i
koga treba da se odnese bebco na kontrola.....blagodaram odnapred
Здраво Бајадерче,
Кога ви рекле 2 капки ва витаминот Д сигурно мислеле на капките
Вигантол, а ако даваш Д3 на плива тогаш 5 капки и не заборавај да го
смениш шишенцето на 3 недели без разлика дали се потрошило. Во врска со
помагалото што ти го препишале без широк повој, самото помагало ја има
истата функција. Ако е само несозреано не е страшно , помагалото ке го
носите до наредната контрола како што ви кажал ортопедот, сигурно ви
пишува во наодот.
Поздрав
****************************************************************************************
Big
Sister напиша:
Здраво д-р Антоновски
Направив РТГ снимка на двете колена (имам страшни болки, особено во
десното колено при подолго движење и стоење) и во извештајот стои -
видливи гонартрозни промени во двете колена.
Ме интересира вашиот коментар за дијагнозата и мислење што да преземам понатаму?
Здраво Big Sister,
Треба да се види од која причина настанала гонартрозата на твоите
колена, која преставува дегенеративен процес на нарушување на рскавицата
на зглобот. Главен фактор за појава на гонартроза е прекумерната тежина
но исто мозе да биде и од друга природа, деформитети, реума и др. Во
секој случај треба сликите да ги види некој и секако да те прегледа.
Постојат многу добри препарати кој ја подобруваат состојбата на
рскавицата. Дел се пијат на уста, дел се аплицираат дирекно во зглобот.
Во сите случаи треба да делуваш што побрзо затоа што тоа е процес кој
бргу прогредира. Сега треба да мируваш, додека не се смират симптомите,
да примаш некоја аналгетска терапија но со поизразено против
воспалително дејство за да се намали воспалението кое е настанато во
зглобот. Кога мируваш обавезно едно мало пениче да ставиш под коленото
така да тоа да биде малку свиткано затоа што само во таа позиција се
одмара. Спортови дозолени се само не импактни: Пливање евентуално
подоцна возење велосипед и се разбира откога ке се смират болките може
да направиш и физикална терапија.
Многу поздрав
****************************************************************************************
DanceDance напиша:
Zdravo!Nova sum vo forumot i sakam da prasam nesto.Imam bolki vo
opasnata koska veke edna godina,a ponekogas i kicmata (ne se takvi za da pijam apcinja za
bolka).Ja snimav koskata i kicmata i nisto osven slabo drzenje.Bev na lekar vo Veles i mi go
snimi debeloto crevo so mala sonda od 11 cm i mi rece vnatresni hemeroidi i mi stavi
inekcija vo eden povospalen hemeroid.Najverojatno nemam cista zosto ne mi kaza doktorot za
vreme na pregledot a i vaka koga se gledam nema nisto od nadvor.Bolkata e tapa no poglema
koga sednuvam,koga se navaluvam nanazad (koga tezinata se prefrla na opaskata) i koga lezam
na grb osekam kako nekoj pritisok dolu.Imam redovna stolica,nemam krv posle odenje vo wc,no
me maci toa sto trae veke edna godina.Sto moze da bide,ve molam za pomos.Fala
Здраво
Данче
Болката во тој предел може да биде од различна природа , гинеколошка ,
абдоминална и се разбира мускулоскелетна ( ортопедска ) .
Прво треба да размислите дали
некогаш сте паднале на задникот директно силно да ве здоболи дури без воздух да останете,
второ дали симптомите се само тука локално околу тртната коска или мигриираат кон нозете и
дали работата ви е врзана со седење.
Доколку се работи за повреда треба убаво да се
погледнат сликите и да се одлучи со каква терапија треба да се даде. Доколку е причинета
болката од предолго седење, треба да се користи специјално перниче таканаречено Ѓеврече со
кое се растересува тртната колка и целиот притисок од тежината на трупот се пренесува на
остатокот од задникот ( периферијата) .
Ти советувам да посетиш и гинеколог и ортопед за
да го најдеш изворот на блката.
Многу поздрав
*********************************************************
Хава напиша:
Здраво Докторе,
Вашето мислење за широкиот повој,дали го
препорачувате и зошто?Моето бебенце има две недели и многу се мислам дали да почнам со широк
повој.
Здраво Хава
Зависи од тоа кај сте породени односно дали детето е
прегледано од ортопед при самиот порагај, ако не тогаш е убаво додека не се јавите на
ортопедски преглед да носите широк повој како еден вид превентива, а понатака ортопедот кај
што ке одите ке одлучи дали треба или не треба да носите понатаму.
Поздрав
*********************************************************
DanceDance напиша:
Болката во тој предел може да биде од различна природа ,
гинеколошка , абдоминална и се разбира мускулоскелетна ( ортопедска ) .
Malu se zamisliv za
toa deka moze da bide abdominalna bolka.Na sto potocno mislite?Sto da proveram.Mnogu sum panicar
Извини
моја грешка, Абдоминална т.е. стомачна во твојот сличај цревата односно хемороидидте за кои веке
си била на лекар, хемороидите представуваат попуштени вени кои кога ке се приклештат многу
болат, но иако не сум абдоминалец не знам хемороиди кои болат 9 месеци , се разбира доколку сте
преземале се за нивно лекување: терапија , редовна тоалета, краткотрајно седење во њц и течна
исхрана. Се надевам дека ви помогнав.
Многу поздрав
*********************************************************
Annabel
Lee напиша:
Почитуван докторе,
После првата бременост, па до денес имам повремени
болки во половината. Посебно ми е тешко кога спијам да се свртам или да станам од кревет. Не се
неиздржливи, но не се ни пријатни. Јас ги поврзувам овие болки со двете бремености и со држењето
на децата во раце.
Дали ваквите проблеми поминуваат сами од себе, дали би ми помогнал
космодиск или ми е потребна терапија?
Здраво Annabel Lee
Секако дека држењето на
децата во рацете и те како го оптеретува рбетот , добро е што болките ти се подносливи и
повремени. Тоа значи дека не се настанати некои посериозни проблеми . За алтернативни помагала
не би да коментирам треба да пробате има луге што се фалат, а плус мислам дека беше ако не сте
задоволни ви ги вракаат парите . Јас што би ви советувал малку да ја ојачате грбната мускулатура
тоа би требало да ви ги реши сите проблеми . Или некои вежби за кичма по дома или запишете се на
јога топло ви препорачувам. Се разбира доколку и понатаму имате проблеми треба да се
конслутирате со вашиот ортопед за да се направат потребните иследувања.
*********************************************************
Aanastasija напиша:
Почитуван докторе,
ќе ве молам за совет. Имам 8 месечно бебе кај
кое едната нога му е пократка за 5 мм. Разликата ја приметив во третиот месец, меѓутоа до денес
не се преземени никакви мерки, односно докторот од Мајчи дом, вика дека таа разлика не е
деформитет и не е потребна корек ција. Ме интересира дали и вие се сложуваате со оваа
констатација и што мислите вие во врска со тоа. Мерењата се направени провизорно со обично
шнајдерско метро.
Ве молам за совет
Здраво Aanastasija
Навистина нема потреба
да се малтретираш со тој податок, но тоа е толку често што кога би земале сите мајки да мерат 80
посто би нашле разлика, Кај возрасно дете дури и разлики до 2 цм не се корегираат сем ако не
прави некои други деформитети со рбетот, Само треба да се следи состојбата, кога ке одите кај
вашиот ортопед потсетете го за да провери дали се корегирала состојбата и до каде е . Мерењата
така и се прават со најобично метро со одредена методологија.
*********************************************************
Нена напиша:
Почитуван докторе,
Поради болки во долниот дел од рбетот ,печење и болка
во бедрените коски од задна страна и повремено во препоните ја снимив кичмата и карлицата.
На
извештајот пишува
Декстроконвексна девијација на Л рбетот со асиметрија на IV просторите и
спондилозни промени во дистален дел.Особено редуциран iv простор L4-L5 со склероза на завршните
плочи на пршленските тела во прилог на дископатија.
Латерални остеофити на двата
коксофеморални зглоба.
Дали болката и печењето во бедрените коски и препоните е поврзано
со наодот ?
Кој е третманот за ваков наод?
Ве молам за совет и благодарам
Здраво
Нена,
Проблемите кои ги имаш единствено имаат врска со следниот наод : Латерални
остеофити на двата коксофеморални зглоба. Сигурно се работи за артроза на колкот, болката која
ја кажуваш може да ја чувствуваш во предел на препоните , надворешна бутна страна и болката може
да мигрира и кон коленото и да дава лажна слика, Обавезно консултирај се со твојот ортопед за да
примиш соодветна терапија( за терапија сепак мора да се изврши преглед и да се погледне
сликата), а откако ке се смират болките, може и физикална терапија .
Многу
поздрав
*********************************************************
trajce93 напиша:
zdrav imam rahitis i imam 18god procitav na nekoj strani koja e
pricinata za pojavuvanje na rahitis jas ja imam taa bolest imam iskruvuvanje na nozete vo forma
na X Dali e mozno na 18 godini da leci i sto e potrebno da se napravi za da se izleci ?
Здраво
Трајче,
Рахитисот и да си го имал сега е завршен, последиците кои ги имаш од него во
твојот случај Х нозе може да се корегира само оперативно со корективни остеотомии , но тоа би ти
го советувал само доколку е многу изразено, и имаш проблеми ( болки од истите )
anence
напиша:
Zdravo Dr, pisuvav prethodno deka kerka mi ima 2,5 godini i deka imame X noze,
nosi ortopedski vloski i konduri ama eve oposle 5 meseci ne gledame nikakov napredok, panika ne
faka doma nesakam da i opstanat vaka nodzinjata, sto da se prevzeme plus, kolku dnevno treba da
se pravat vezbi?, ja teram da odi so nadvoresen svod na stopla i na prsti ama mala e i ne saka
da sorabotuva mnogu, ima sansii da se isparavat nodzinjava?
Здраво Аненце,
Како што
предтходно ти напишав треба да си поупорна со работата, таа возраст кај децата е тешка за
соработка поради негативизмот кој постои кај нив , пробајте низ игра да ги правите вежбите. Сем
вежбите и помагалата друг конзервативен начин на лекување не постои. Би требало со растењето до
кај 8 години сето ова многу да се корегира. Верувајте ова не е проблем кој треба да ве измачува,
само пратете го со вашиот ортопед и ке има напредок.
Многу поздрав
*********************************************************
bejbibum напиша:
Zdravo D-re,
Moeto dete ima 15 meseci i pred izvesno vreme i se
javi otok na klucniot zglob dole na stapalceto i pocna da potkrivnuva ( krivenjeto se sostoi vo
gazenje na peta na strana i krevanje na prednite prstinja nagore, si go stedi nozete pri odenje
). Veke eden mesec sostojbata e skoro nepromeneta otokot ne e tolku golem namalen e no postoi a
nema nikakvi promeni vo odnos na nego, crvenilo ili nesto drugo i ne ja boli pri dopir .
Ja
nosevme kaj nekolku Vasi kolegi, ja snimaa na rengen slikata e uredna nema nisto, pravevme krvna
slika so CRP i taa e odlicna stavame borova voda na otokot no nema promena, i mnogu me zagrizuva
krivenjeto bidejki trae skoro mesec.Ni rekoa deka e mozebi virusna infekcija na disnite patista
, koja predizvikuvala vospalenie na kolkot i zatoa krivi i deka samo od sebe ke pomine, a za
otokot deka im bil malku cuden i da go sledime.Ve molam za sovet navistina stanuvam mnogu
zagrizena i neznam veke kade da se obratam
Здраво ,
За стопалото може да се работи
за лошо нагазнување, чим ЦРП е мирно нема некоја поголема промена , а во врска со воспаление на
колкот тоа лесно се проверува со ехосоногравски преглед . Сепак прегледот е од витално значење
за понатамошни испитувања, дали треба да се направи нешто плус од други дијагностички
испитувања.
Многу поздрав
*********************************************************
anence напиша:
Dr, kazete mi kade osven vo Slavej moze da se napravat ortopedski
vloski so naznaceno supinaciono pernice i valcesta peta, i kakva e ovaa valcesta peta?
Ja
nosevme malata na kontrola i seuste imame valgus, kondurcinjata od slavej ne davaat nekoj
rezultata, vloskite isto taka, dr ni rece mora uporno da se vezba, da sedi turski, da odi so
nadvoresen svod na stopalo, i ni spomena duri i9 proteza, koja iskreno koga ja vidov na internet
dusata mi se strese od strav, iskreno se nadevam deka ke uspeeme da si go sredime deteto so
nodzinjata, dali preporacuvate i nekoj sport ili seuste e mala? ima 2,5 godini, dali na
fizijatar mozebi moze da se pravat vezbi, bidejki dr ni rece odot so nadvopresen svod da go
praktikuva postojano, ama duri i ja sprobav navistina e nevozmozno vopzrasen da odi taka cel den
, a ne dete od 3 godini.
Здраво Аненце
Сем во славеј барем јас незнам дека некој
друг изработува кај нас по мерка влошки, ми спомнаа дека и ОСкар правел некакви влошки ама не
знам што точно прави.
Што се однесува до деформитетот тие се вежбите , спорт не се уште е
малечка, физијатар искусен кој работи со деца може да ти казе некаков практичен совет за
вежбите. Јасно ми е дека е напорно но мора да бидете упорни и да не очекувате резултати преку
нок.
Многу поздрав
*********************************************************
orhideja напиша:
Pocituvan doktore,
samo edno kratko prasanje. Moeto since ima
2.5 godini i nekolku pati sum mu slusnala kako mu krckaat koskit. Retko e ama me iznenaduva.
Dali e normalno? Inaku pie dobro mleko, jade mlecni proizvodi, malku so riba sme poslabi, ama
kolku mozam se trudam, ribino maslo primase redovno, na sonce umereno e izlozen. Dali imam
pricina za zagrizenost?
Blagodaram
Здраво Орхидеја,
Воопшто нека не те
загришува затоа што кај некои луге се пошумни зглобовите кај некои потивки , провери и сама кај
себе врти го зглобот на шаката или стопалото ке слушнес пуцкетање. скоро и да нема бешумни
зглобови.
Но сепак доколку има некаква болка или ограничување на движење тогаш мора да
консултирате ортопед.
Многу поздрав
*********************************************************
Mirka напиша:
Zdravo Doktorke , sakav da prasam do koja vozrast treba stapalata da se
vdlabnat da ne bidat ramni, nie vo septemvri ke polnime 3 godini i imame ramni stapala, sto
treba da prevzememe i dali e vreme?
Здраво Мирка,
Прости што каснам со одговорот
но не бев присутен во државава. Во врска со рамните стопала, стопалото се формира до кај шестата
година но сепак при редовните ортопедски прегледи се забележуваат остапки од нормалното
развивање на стопалото. Ако детето има три години треба состојбата на стопалата да биде
прегледана од стручно лице, сем вежби нема што друго да превземете за рамните стопала, влошките
се ординираат само доколку детето се жали на болки во нозете за да се смират симптомите но
влошките не го корегираат проблемот.
Многу поздрав
*********************************************************
anence напиша:
Kazete mi vo faza na prooduvanje koj e najdobar izbor na obuvki?
Dali
treba da se Ciciban, da bidat visoki, da bide opfaten cvrsto gluzdot ili?
Znaete deka so
golemata imame problem so valgus pa zatoa sega , neznaeme koj e najdobar izbor, ona proode bosa
i konduri so visok gluzd ne nosela .
Sega za malovo sme vo nedoumica i se plasime da ne
napravime greska
Здраво Аненце,
Сега на пазарот има толку многу обувки така да
апсолутно не мора јас да ви препорачам бренд, и скоро од сите фирми има добри обувки. Додека
детето проодува апсолутно треба обувката да е мека и свитлива за да може стопалото да се развива
правилно, за да може да се запазат сите фази од проодувањето како што е одот на прсти кој е
многу битен за детето да нема рамно стопало во иднина. Во врска со цврсто опфатен глужд тука
мислењето е поделено, моето мислење е дека стегањето на глуждот нема да обезбеди здраво стопало,
само активната здрава мускулатура може да го држи стопалото во добра состојба а таа не може да
биде развиена доколку стопалото е фиксирано во една позиција.
Сем вродените проблеми со
стопалата, најчеста грешка која родителите ја прават е во желбата да што побрзо им прооди детето
го вертикализираат пребрзо ( го паткаат и користење на дубак) мусулатурата на стопалата тогаш не
е спремна да ја издржи тежината на детето и тогаш најчесто доага до искривување на
стопалата.
Многу поздрав
*********************************************************
Majsi напиша:
Pozz doktore
Bi mi znacelo i bi sakala da slusnam i vase mislenje za eden rezultat. Imeno se raboti za
zena od 69god koja sto odamna se zali na bolki vo petite (na snimki pokazano deka ima silci i
osteoporoza) i od pred dve nedeli na bolka vo ednoto koleno.
Edvaj ja vitka nogata, edvaj
odi, a od deneska pocna i drugoto koleno da ja podbolnuva. Se snimase deneska na rengen i ova e
rezultatot:
Naod na RD8: Degenerativni promeni na skeletot na obete kolena so zasileni
eminencii interkondilika desno.
Redukcija na tibiofemoralnite zglobovi od medijalen aspekt
bill.
Desno periartikularno se pratat poveke sitni kalcifikati vo mekite tkiva od koi nekoi
se vidlivi i na profilnata grafija infrapatelarno.
Kalcifikati vo mekite tkiva i na levoto
koleno.
Dadena e slednata terapija vo traenje od dve nedeli:
Movalis 15mg 2x1/2
Redergin
4,5 1x1
B-Kompleks 3x1
Diasepam 2mg ednas navecer
Posle terapijata narednite dve
nedeli na fizikalna terapija. I za mesec dena na kontrola. Dokolku nema podobruvanje ke treba
operativen zafat.
Ve molam za sovet i mislenje....blagodaram.
Здраво
Мајси,
Во врска со проблемот на петата тој е изолиран и нема врска со останатите
проблеми, се решава со лесна аналгетска терапија и носење на петична специјална влошка и
симптомите исчезнуваат за неколку дена.
Во врска со колената тоа е стареење на зглобовите,
Терапијата која и е ординирана е само симптоматска(само да ги смири болките) денес постојат
многу повеке терапии кои ја подобруваат состојбата на коленото и го одложуваат оперативниот
третман. Физикална терапија не би препорачал доколку пацинтката се уште има болки, прво мора да
се смири воспалението во коленото па потоа физикална терапија. Само да знаете доколку ви
препорачаат да прима кортико инекции дирекно во коленото да знаете дека после нив мора никако да
не се оптеретува коленото односно апсолутно мирување, затоа што кортикото многу ја омекнува
рскавицата и го обезболува коленото и тогаш пацинтите почнуваат да се движат и за месец дена
состојбата е и полоша него што била предходно затоа што се потрошила цела рскавица.
Многу
поздрав
*********************************************************
Katerina81 напиша:
Добар ден докторе..имам и јас едно прашање.
Девојчето ми има
годинка и 3 недели. Прооде на 11 месеци, пред тоа се пушташе низ дома ама кратки релации
кревет-стол и сл. ама со 11 си прооде стабилно по дома....а сега веќе си оди и убаво надвор,
шетаме низ парк нема гајле си оди баш стабилно, ретко паѓа...и да се затетерави се исправа одма
и си продолжува...значи стабилна е ептен.
Она што ме мачи е што приметувам дека со десното
стапало само гази навнатре, не оди напред стопалото нормално туку навнатре. Си гази и нормално
ама 90% го витка навнатре. Само десното со левото ок си гази.
Е сега бевме на ортопед на 10
месеци тогаш не беше проодена уште, па ни рече дури на годинка и пол да одиме , па незнам во
меѓувреме што да правам.
Дали има место за паника, дали е се уште тазе проодена и и се
формира одот?
Прооде боса по дома, за надвор користиме цицибан од пеко со мноогу мала влошка
внатре...доам е нон-стоп само по чорапчиња. А чудно па дома кога е боса ја приметувам дека си
оди поубаво, право ,нормално. НАдвор ја витка навнатре.
Што мислите вие, да одиме ли порано
на преглед, треба ли да се реагира бргу или е рано за некоја прогноза?
Благодарам,пријатен
ден!
Здраво Катерина,
Ако детето станува од среде соба само без да се придржува за
ништо тогаш е време за контролен преглед на ортопед. Ако добро те разбирам , со газењето према
внатре причина за истото е колкот односно свртувањето на истиот према внатре, тоа е во прашање
генетика не дека ти нешто лошо си правела во развојот на детето. За совет што треба да се прави
сепак од кога ке се прегледа детето од страна на стручно лице.
Ако си го приметила да седи
како жапче не дозволувај и понатака да го прави тоа терај го да седи турски само тоа да биде низ
игра затоа што ако е наредба нема да го почитува.
Многу поздрав
*********************************************************
Annabel Lee напиша:
Моето девојче има 5 години и почна да вози ролерки. Дали може тоа да
доведе до искривување на ноџињата?
Здраво Анабел,
Прво зависи од конституцијата на детето,
второ дали ги вози како што треба ролерите, многу е битно некој да ја советува како правилно се
возат ролери бидејки не правилното возење може за направи проблем.
Многу поздрав
*********************************************************
Alisa* напиша:
Pozdrav od mene
moeto prashanje e za moeto bebe...ima 2 nedeli..saka da
spie stomace na stomace so mene(taka polesno mu pominuvaat grcevite)i po cel den taka
sedime,setame..Dali moze da dojde do nepravilen razvoj poradi ovaa fetus polozba?kolku casa na
den bi bilo vo red vaka da bideme bez da ima posledici vo razvojot?
Zdravo Alisa,
Nema
nisto poubavo od toa bebeto da spie vo pregratka kaj majkata
nema nikakov problem da ima vo razvojot, uzivajte zaedno vo momentoto oti brzo ke porasne pa
nema da saka veke tamu da spie
Mnogu
pozdrav
*********************************************************
jasmina 25 напиша:
Zdravo Doktore
mojot sin ima godina i deset meseci i me interesira
dali treba da pocnam da mu davam od d3 kapkite ili ribino maslo?i po kolku da mu davam?
pozdrav
Zdravo
Jasmina,
Mozes slobodno da mu davaas d vitamin ili ribino maslo vo zimskiot period, ako
davas plivit d3 5 kapki ili vigantol 2 kapki. Plivit d3 mora da go menuvas sisenceto na ssekoi 3
nedeli bez razlika dali si go potrosila. Se razbira dokolku go vadis deteto dovolno nadvor i na
sonce mozes da ja prepolovis dozata . Ova vazi samo za deca postari od 18 meseci zza vo zimskiot
period .
*********************************************************
betavitevit
напиша:
Поздрав и од мене,
Моето девојче за 2 месеци ќе прави 4 години а сеуште при
одење стапалата ги врти навнатре.Дали има простор за загриженост или не?
Благодарам.
Nema
nikakva zagrizenost no sepak treba da bide poglednato od strucno lice za da ne se propusti nesto
. najcesto problemot e genetski vo samite kolkovi no sepak treba da se proveri.
*********************************************************
Stefanovska
напиша:
Почитуван Докторе,
Имам две прашања за Вас
Првото е за нашето бебенце, кое
е родено на 15.08.2012 година, на два месеци го носевме на ортопед, и наодот е алфа аглите десно
се 71, лево 69, додека бета аглите десно 63, лево 61. Ни препорачаа да ставаме широко повивање и
контрола по 2 месеци. Бидејќи ова ни е трето дете, јас на првите две им немам ставано чирок
повој од причина што ортопедот кој ги контролираше прво не ни го пропорача, иако во родилиштето
за првото дете ни го препорачаа(тоа е 5 години, со образложение од страна на ортопедот дека и
кога би имало некој преоблем широкиот појас нема да го реши, и дека пелената е доволна за
правилен раст на колковите. Овој пат поради наша немарност не си закжавме кај истиот ортопед
затоа решивме да го однесеме кај друг, па за следната контрола кај нашиот.
Сега сме во
недоумица што да правиме, иако поминаа десетина дена откако бевме на преглед уште му немам
ставено широк повој, па би сакала да го чујам Вашето мислење.
Второто мое прашање е која
е најдобра антирахитична терапија и до која возраст треба да се користи. На најголемото минатата
зима му даваме Басетс, мултивитамински таблетиа пред тоа рибино масло после Вигантолот, потоа
перлите на Алкалоид , а средното сега има 1 година и 8 месеци, и има пиено само Вигантол, сакам
да им давам она што е најдобро, па би Ве замолила за совет.
Ви благодарам многу
Здраво
Стефановска,
Значи како што вика поговорката сто доктори сто мислења, затоа кога ке си
одберете еден и му верувате држете се до тој, не прашувајте повеке затоа што само повеке ке
бидете збунети, Моето мислење на широкиот повој го имам напишано на првата страна од овие
стручни совети.
А во врска со антирахитична терапија од пишувањето мислам дека повеќе ве
интересира превентивна терапија, така да било кој од наведените препарати ке ви заврши работа но
најважно од се е да не заборавите да ги вадите децата надвор за да може организмот сам да го
синтетизира витаминот.
Многу поздрав
*********************************************************
orhideja напиша:
Pocituvan doktore,
Visoka sum 163 cm i teska 55kg. Postojano kupuvav
cevli broj 38 ama i postojano bev so toa cuvstvo kako da mi seta stapaloto vo obuvkata. Letovo
kupiv konduri 37 i se pojavi prpblem pocnav da cuvstvuvam bolka vo levoto stapalo. Tolku mi bese
neudobno sto edvaj do doma stignuvav. Si rekov kolku nekvalitetni cevli, najverojatno so
fabricka greska. Gi spakuvav i veke ne gi oblekov. Sega kupiv povtorno 37 ama poskapi i licat na
pokvalitetni. Pak istiot problem, po podolgo nosenje, custvuvam bolka vo zglobot na palecot na
levata noga, kako bodezi. Desnata mi e super udobna. Sega se prasuvam dali e mozno levoto
stapalo da mi bide pogolemo od desnoto( dali e vozmozno do taa mera da nosam razlicen broj) ili
se raboti za nekoj zdravstven problem poradi koj moram da posetam ortoped za da vidi dali
zglobot na palecot vo koj ja cuvstvuvam bolkata e problemot. Ne bi sakala i ovie cevli da gi
"frlam" pa se prasuvam dali moze da dobijam dopolnitelno nekoj deformitet na stapaloto.
Sakam
samo da napomenam deka 99% od vremeto sum vo patiki i spomenatite konduri mi se so stikla od 3 -
4 cm.(dali tuka e problemot?) Blagodaram odnapred za odgovorot
Здраво Орхидеја,
Проблемот
може да биде и од обувките а секако дека може и да има и нееднаквост во стапалата.
Така да
мора да се последне и да се види што е , вака не би можел да ти помогнам.
Многу
поздрав
*********************************************************
Girl***** напиша:
Почитуван Докторе
Ќе ве замолам за помош . Имам две и пол месечна
ќерка која вчера беше прв пат однесена на ортопед . Аглите на двата колка се следниве: Лево 67
и49 - 1а по Граф , десно 69 и 47 класифициран како 1б по Граф. Јас до вчера не ставав широк
повој меѓутоа заради десниот колк ми рекоа одма задолжително да почнам . прашањето е дали овој
колк заслужува нешто повеќе од широк повој и дали воопшто нешто превентивно би делувал истиот
зашто бебнцето е склоно кон повраќање па кога лежи е со главата надолу заради подигнатото газе
нели на рамна подлога и е уште потешко . Пробавме да дигнеме душек меѓутоа она доста претка па
се лизга надолу па заради тоа почна да спие во релаксатор под агол од 45 степени што мене не ми
се допаѓа многу зашто ако си ги рашири рачињата пола раче и виси .И уште едно прашање и давам
вигантол по 1 капка и бебивит по 6 капки ( д3 10 микрограми на 1 мл ) бебивитот ми е препорачан
од родилиште ,а е на вештачка исхрана со хип комбиотик чија содржина на вит Д е 1,2 микрограми
на 100мл мелко а она пие околу 800 -900 мл за 24 часа дали е потребно вигантолот да се зголеми ?
Zdravo,
prvo
izvinete sega vidov deka ima prasanje na forumot. Znaci za stavot okolu sirokiot povoj ne mozam
da se mesham na kolegata sto go gledal, zatoa sto toj si odgovara za toa dete. Ako ve sovetuval
deka deteto treba da nosi sirok povoj treba da nosite . Kolkovite skoro sekogas od polos stepen
odat vo podobar bezz tretman no ima eden mal procent koj go pravat sprotivnoto i zatoa kako
preporaka vi go dal kolegata sirokiot povoj (se razbira treba i sirokiot povoj da znaete kako da
go stavite zosto ako gresno se stava moze da pravi poveke steta nego dobro). A za vitaminite bi
go isfrlil bebivitot i bi daval po 2 kapki vigantol.
Mnogu pozdrav.
*********************************************************
Хава напиша:
Почитуван,
Имам синче од 5 год. кое во последно време се жали на болки во коленцата и
коските од колената до долу ,до глуждовите.Испитавме алкална фосфатаза,излезе 527(горна
граница е 306),и калциум во серум кој е на горна граница.Тој е доста извишен периодов, има
117 см и 21 кг за негова возраст.Добив објаснување од доктор дека високата вредност на АЛФ е
резултат на периодот на раст,а болките се јавуваат поради побавното врзување на мускулното
ткиво.Што ќе ми кажете за овој мој проблем преку вашето долгогодишно искуство???Инаку да
кажам дека нема отоци и црвенила на колената,се` изгледа нормално,пие А+Д3 витамини и
одсекогаш е бил заштитен со Д-вит,дали преку вигантол или рибино масло.(сакам да кажам дека
редовно во зимските периоди му додавам Д витами во исхраната.Што ке ме посоветувате?
Однапред
благодарам
Здраво ,
Немало потреба воопшто да испитувањ АФ, таа нормално е да е покачена кога
детето расте,коските растат многу побрзо од меките ткива (мускулите тетивите и нервите ) поради
нивното оптегнување, се јавува лесна болка сепак кога има болка пожелно е детето да намали со
активноста. Но сепак мора да се направи ортопедски преглед и доколку има индикација за
воспаление на колкот да се направи и ехо на колкови . Затоа што тоа многу често колкот може да
боли во коленото.
Многу поздрав
*********************************************************
maja6252 напиша:
Doktore,za vreme na poroduvanjeto na kerka mi i go povredile nervot
na levoto rakice onoj kaj ramoto,i ne ja kreva voopsto,a dolu vo sakata ja stega i ja vrti.ima
samo 2 nedeli,a veke 9 dena odime na fizikalno kade i pravat 10 minutni masazi,a doma jas
prodolzuvam so masazi.Koga bi mozela da ocekuvam razultati.pozz i odnapred Vi blagodaram
Здраво,
Парезата
на нервот е настаната или од повреда при породување или од неправилно ставање на вакцина.
Зависи
од зафатеноста на нервот за времетраењето на опоравувањето. Сепак треба да се провери да не се
работи за скршеница на клавикула или некоја друга повреда. Следети ги советите за вежби од
физијатарот.
*********************************************************maja6252
напиша:
kako mozam da znam kolkava e ostetenosta na nervot,dali postoi nekavo snimanje,i
dali postoi nekade operacija za ova,nemora kaj nas moze i vo stranstvo.molam za pobrz odgovor i
odnapred Vi blagodaram
Zdravo Maja,
Sega za ovaa vozrast mora da gi naucis vezbite
za razmrduvawe na zglobovite, toa e najvazno da go pravis zatoa sto ako ne se dvizat zglobovite
se pojavuvaat kontrakturi( tie okrutnuvaat i dvezenjata vo niv stanuvaat nevozmozni) megu
povaznite nemoj da go zanemarite dvizenjeto na zglobot na ramoto. Plus so samite razdvizuvanja
gi potiknuvate impulsite na nervite i pomagate za tie porano da se oporavat.
Sekako deka ima
so sto da se izmerat sprovodlivosta na nervite se vika metodata EMG.
Operativen tretman se
preporacuva tek posle 6 meseci vozrast gokolku ne se podobruva sostojbata. Vazno e da bidete
uporni i da vezbate redovno .
pozdrav
*********************************************************ivana_drf напиша:Би сакала да
добијам совет од вас. Имам 21 година и од пред половина година почнав да чувствувам болки во
кичмата. Тие болки се појавуваа кога ке бидам во седната положба подолго од 15мин, неможев да се
наведнувам и кога подолго време пешачев исто ми се појавуваа болки. Отидов на ортопед каде ми
рекоа да не се зрачам уште сега па ми кажаа да се мачкам со фастум гел и да отидам на контрола.
Но, јас не отидов бидејќи болките ми се намалија. Но еве сега повторно ги имам. Кога ќе се
разбудам ми требаат 5-10 мин додека да станам бидејќи сум "укочена" а најмногу болка чувствувам
во долниот дел на рбетот (самиот рбет) и кичмата. Можеби имам мало искривување на рбетот. Би
сакала да знам што да направам и од каде да почнам. Дали да се снимам и да почнам со терапии
доколку е потребно? Ви благодарам однапред!
Поздрав!
Zdravo Ivana
Najdobro e da pocnes
so ubav ortopedski pregled, kade ke se vidi vo sto e tocno problemot , pa potoa ako treba ke se
zracis. Terapija i lekuvanje tek od koga ke se postavi to;nata
dijagnoza.
pozdrav
*********************************************************babybis
напиша:
Pocituvan doktor,
se porodiv pred samo nekolku dena, a na bebeto mu e
dijagnosticiran pes equinovarus na dvete stopala. Ova go imavme kako informacija uste pred
poroduvanjeto. Ve molam za sovet za tretman, odnosno dali imate preporaka za ponseti metodot ili
nekoj drug metod i kakvi se iskustvata za oporavuvanje od ovaa dijagnoza.
Vi
blagodaram.
Zdravo,
Izvini za zakaznet odgovor no sega vidov deka ima prasanje. Za rano
otkrien pes eqinovarus sekako deka najdobar metod na tretman e ponseti metodot. Metodot nudi
potplono lekuvanje na deformitetot no bara mnogu upornost i trpelivost od roditelite kako vo
periodot koga se pravat gipsiranjata taka i vo periodot potoa, koga treba da se nosat
ortopedskite pomagala. Operativnite zati se neblagodarni cesto ima recidivi i moznosta za
invaliditet e golema . Taka da sekoja sansa za neoperativno lekuvanje treba mnogu dobro da
ja iskoristite.
Mnogu pozdrav.
*********************************************************
МајаБт
напиша:
Почитуван докторе,
Се надевам дека ќе ја прочитате мојата порака и
нема да имате проблем да одговорите. Во последно време чувстсвувам болка во десната нога (од
коленицата надолу) и чудно е тоа дека болката не е постојана и не е со ист интензитет.
Болката е некогаш во мускулите, некогаш во прстите, некогаш коленото значи се менува
постојано и е со слаб интензитет. Некогаш ја снемува. Не знам дали да одам на лекар и дали
на ортопед? Ви благодарам,
Маја
Zdravo Maja,
Bolka koja sto ne e
postojana, e teska za dijagnostika , no moja pretpostavka e deka se raboti za bolka od
cirkulacija, ne e losho da napravite dopler na dolnite ekstremiteti. Pa potoa da pojdete na
ortoped dokolku toa e uredno.
Pozdrav
*********************************************************