Др.Александра е ортопедски хирург со повеќе од 20 годишно
искуство во грижата за најмалите, следење на нивниот раст и развој од
новороденче до адолесценција и навремено откривање и третирање на болести,
деформитети и повреди. Нејзиното клиничко искуство низ годините е
збогатено со бројни стручни надоградувања и сертифицирања во повеќе европски
центри.
Работата со децата за неа не е само професија, таа е и
посебна одговорност, но и привилегија. Нејзиниот пристап не е само да постави
точна дијагноза и да предложи соодветен третман, туку и на родителите јасно и
разбирливо да им објасни што се случува, што можат да очекуваат и како најдобро
да му помогнат на своето дете. Довербата,
индивидуалниот пристап и континуираната грижа се нејзините основни принципи.
Кон секое дете пристапува посветено, со внимание кон неговата возраст, развој,
потреби и специфичности, градејќи близок однос со родителите. Бидејќи кога се работи за дете, довербата е
исто важна колку и знаењето.