Нашиот тим

Тука сме за вашата среќа

Д-р. Александра Димова

Др.Александра е ортопедски хирург со повеќе од 20 годишно искуство во грижата за најмалите, следење на нивниот раст и развој од новороденче до адолесценција и навремено откривање и третирање на болести, деформитети и повреди. Нејзиното клиничко искуство низ годините е збогатено со бројни стручни надоградувања и сертифицирања во повеќе европски центри.

Работата со децата за неа не е само професија, таа е и посебна одговорност, но и привилегија. Нејзиниот пристап не е само да постави точна дијагноза и да предложи соодветен третман, туку и на родителите јасно и разбирливо да им објасни што се случува, што можат да очекуваат и како најдобро да му помогнат на своето дете. Довербата, индивидуалниот пристап и континуираната грижа се нејзините основни принципи. Кон секое дете пристапува посветено, со внимание кон неговата возраст, развој, потреби и специфичности, градејќи близок однос со родителите. Бидејќи кога се работи за дете, довербата е исто важна колку и знаењето.